02 Мај, 2024
0.0347

Започнува постапката за избор за универзален снабдувач

Објавено во: Економија 02 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Од утре започнува постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, а од среда се  распишува меѓународниот тендер, преку кој Владата треба да избере компанија која со струја ќе ги снабдува оние граѓани и фирми кои нема да излезат на конкурентниот пазар . Трансверот од регулираниот до слободниот пазар на електричната енергија би траел дваесетина дена, а очекувањата се дека фирмата – универзален снабдувач ќе се знае до крајот на годинава. 

Универзалниот снабдувач за разлика од фирмите кои ќе бидат на слободниот пазар ќе работи по регулирани цени од страна на регулаторната комисија за енергетика.

„Очекувам дека цената ќе остане непроменета за домаќинствата и ќе биде поповолна на регулираниот пазар, имајќи ги во предвид овие цени кои се на слободниот пазар. Се разбира, доколку дојде до намалување на цените на слободниот пазар, домаќинствата и малите компании во секој момент имаат право да излезат од регулираниот пазар и да бидат снабдувани на слободниот пазар, доколку условите им се поповолни“, вели Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Од Регулаторна веќе соопштија и дека со новите правила во енергетскиот сектор на располагање на граѓаните им останува и користењето на дневната евтина тарифа на струјата. 

Како заштитен механизам против ценовни шокови од владата одлучија во првата година, 80% од струјата која ќе ја дистрибуира универзалниот снабдувач да биде произведена од државната ЕЛЕМ. 


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?