Започна седницата за оставката на Зоран Заев, опозицијата незадоволна што не даде образложение
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020
Попладнево заполна пленарната седница на Собранието на Македонија на која треба да се констатира оставката на премиерот Зоран Заев пред конституирањето на техничката Влада.
Опозицијата реагираше на тоа што Заев не дал усно образложение на оставката.
„Денеска е крајот на политичари со свиткани кичми. Падна Катица, паѓа и Зоран Заев, а на 12 април паѓа и СДСМ“, рече Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската говорница.
На ова веднаш реагираше пратеникот Јован Митрески кој рече дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Заев и натаму е се уште огромен.
На ова Мицевски рече дека кој станал од премиерското столче, повеќе не се вратил на истото.