26 Април, 2024
0.0381

ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Кои градови во Македонија се пред исчезнување?

Објавено во: Македонија 13 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Луѓето умираат, а наталитетот се намалува. Вака изгледа сликата во некои градови во Македонија. Запрепастувачки податоци со закана дека многу градови ќе пропаднат, исчезнат, токму поради несразмерноста на луѓето кои умираат и новороденчиња.

Во дури 32 општини во Македонија во последното тримесечје од 2017 година имало повеќе умрени лица отколку новороденчиња, а најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека во речиси сите поголеми македонски градови со ретки исклучоци има негативен природен прираст на населението.

Битола, Штип, Кочани, Охрид, Струмица, Гостивар, Берово, Ресен, Кичево, Валандово, Виница, Делчево, Крушево, Македонски брод, Кратово, Крива Паланка, Прилеп се градови во кои во овој период е забележан негативен природен прираст.

Демографите подолг период предупредуваат дека на цели села и градови во блиска иднина им се заканува исчезнување бидејќи во нив живее претежно возрасна популација, додека младите мигрираат во Скопје или надвор од земјата.

Единствени поголеми градови во кои има повеќе живородени отколку умрени лица во последните месеци од 2017 година се Скопје, Тетово, Струга и Гевгелија.

Ваквите бројки се сигнал дека надлежните мора да работат на нова демографска стратегија за земјава, но и на подобрување на условите за живот и можноста за вработување бидејќи станува извесно дека додека се дебатира за бесмислени политички прашања, нашата земја ќе остане без подмладок односно без население.

skopjeinfo.mk


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите