19 Март, 2024
0.0316

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

Објавено во: Колумни 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Методолошки прашања. Структурните промени по преминот во пазарно стопанство се одразија на различни начини врз животната средина. Едни загадувачи се намалија  или исчезнаа, други се појавија . општествата се расположени да издвојуваат средства за заштита на природата, но раководејќи се не само од еколошкиот но главно од економскиот ефект кој се реализира со поддршката. Затоа е потребно да се разгледаат некои методолошки прашања за утврдување на економските ефекти од дејноста при заштита на животната средина, во земјоделството и средствата за нивно зголемување.

  Развивањето на методи за економски ефекти од дејноста за заштита на природата во системот на земјоделството бара пред се добро познавање на механизмите на взаемното влијание на земјоделството со животната средина и нејзините компоненти како на средствата и начините со кои ќе се заштитува и произведува, така и штетите кои ги поднесува земјоделството од антропогена активност. За да се направи економската оценка на ефектот од дејноста – заштитата на животната средина е потребно:

  -да се утврдат размерите на штетите, кои ги трпи животната средина во земјоделството како специфична стопанска област;

  -да се утврдат и категоризираат трошоците за заштита;

 -да се утврди економскиот, социјалниот и еколошкиот ефект од заштитата.

  Штети. Негативните влијанија врз животната средина како последица има значителни штети кои најчесто и најдиректно резултираат во земјоделството. Секое влошување на еколошката состојба на природната средина може да предизвика директни или индиректни загуби на земјоделската продукција, да го влоши нејзиниот квалитет па да ја направи и неупотреблива. Појавата на штети бара спроведување на заштитни дејства на природата за која се потребни трошоци. Во врска со тоа  економските штети од влошувањето на квалитетот на животната средина ги одредуваме како вредност на оценка на сите негативни последици од загадувањето и нарушувањето на средината или одделни реципиенти – земја, вода, земјоделски култури и животни, долготрајни материјални активи и трошоци потребни за компензирање на тие последици. Економската штета се карактеризира со следните параметри.

  -Економски мерливи. Тие примаат форма на некаква промена на општо прифатените економски показатели, кога мораат да се измерат вредносно како: намалување на производството, зголемување на трошоците, намалување на цените и друго.

  -Многустраност. Штета може да се одрази на целиот систем на производните ресурси во одредено производство како што се: намалување на репродуктивноста способноста на културите и животните, влошување на здравјето на вработените во соодветната дејност, зголемување на капиталот за борба со ерозија на почвата и слично.

  -Штетите можат прогресивно да се зголемуваат заради рушење на способностите за сопствено возобновување на ресурсите и нивно уништување.

  -Оценката на обемот на економската штета се врши со методот на споредување, епирски и аналитички методи. Кај методот на споредба, се споредуваат показателите на еколошки неоштетен објект или регион. На пример: засолена и незасолена почва. Примената на овој метод бара за споредба да се избере контролен регион (базен објект) со такви карактеристики кои да се споредливи за да може да се открие промената настаната кај набљудуваниот фактор. Кај овој метод се јавува отежнатосст во сложеноста да се идентифицира објект за споредба. Во некои случаи може да се разгледува објектот на еколошката интервенција (реципиент) до неговата промена и по тоа. 

  Методот на емпирските зависности базира на проучувањето, анализата и составувањето на математичките зависности, помеѓу показателите за состојба на стопанската активност (економски резултати) и промените на квалитетот на човековата средина. Тој се базира на статичка обработка на фактички податоци за влијанието на различните еколошки фактори врз истражуваниот показател на состојбата на објектот. Користењето на методот на регресиона анализа овозможува да се утврди емпирската зависност помеѓу поведението на проучуваните карактеристики на елементите на животната средина и факторите со кои им се влијае – на пример, степен на закиселеност и почвена плодност. Формирањето на емирската зависност за разграничување на “приносот” на различни фактори помеѓу промените во состојбата на истражуваниот објект бара продолжителни испитувања и голем број на информации што е сврзано со многу потешкотии но овој метод е објективен и со голема аналитичка вредност.
  Кај аналитичкиот метод зависноста помеѓу штетите и нивните причинители врз приватни објекти служи за обесштетување и отрезнување на тенденциите и взаемните врски, како и изработување на нормативи.
  Трошоци за заштита на животната средина. Трожоците за заштита и обновување на животната средина од нарушување со помош на придодно заштитни мерки ги определуваме како природно заштитни трошоци. Тие се прифатена компонента на општествено потребните трошоци за реализација на продукцијата. Тие ги вклучуваат следните трошоци: 

 -тековни трошоци;

-инвестиции за долготрајни материјални активи, кои ја штитат животната средина;

-инвестиции за реконструкција и поддршка на опремата со која се заштитува животната средина;

-трошоци за научни истражувања;

-трошоци за образование и обучување.

  Објектот и структурата на еколошките трошоци зависат од видот и големината на дозволените еколошки нарушувања. 1. Не се  регистрирани нарушувања – тогаш економската штета е нула, но обемот на еколошките трошоци со кои се превенира нарушувањето најчесно се високи и 2. Еколошките нарушувања не се спречени, односно не се вложени средства за заштита на животната средина, но тогаш економската штета е со поголеми размери.

  Во првиот случај обемот на економската штета е еднаков на обемот на трошоците за заштита и поддршка на животната средина. Во вториот случај економската штета по вредност е иста со природната и материјалната штета. Меѓу тие две крајни состојби мерењето на економската штета е сумата од трошоците за заштита на животната средина и вредноста на измерената природна и материјална штета. Трошоците за предупредување на негативното влиајние врз животната средина се наоѓаат во спротивна меѓусебна зависност, што покажува дека недоволната грижа за заштита на животната средина скапо се плаќа. Од таа зависност произлегува да се прават варијантни пресметки и да се отимизира можноста до најмала економска штета.

  Според сметководните стандарди, трошоците за заштита на животната средина се оние кои претпријатието ги извршува за да се одржи еколошката рамнотежа како резултат на своето функционирање и за елиминирање на последиците од штетата нанесена на животната средина. Во врска со одредувањето на економскиот ефект од дејноста – заштита на животната средина е важно за какви потреби се направени трошоците – во еден дел од случаите тие служат за извршување на оперативни дејствија (продлабочување на ораничниот слој, мелиорација на почвата  и слично) во други случаи средствата се трошат за градење на сложени системи (пречистителни станици, одводни канали, терасирање и слично). Значи: трошоците за заштита на животната средина се наменети за:

-набавка (градење) на долготрајни материјални активи (ДМА) со специјална намена;

- набавка (обезбедување) на долготрајни нематеријални активи (ДНА) со специфична намена;

-тековни трошоци за заштита и возобновување на нарушена животна средина. Тие се директни и индиректни технолошки трошоци.

  Значењето на ДМА,ДНА и тековните трошоци за заштита и обновување на животната средина може да биде еднакво на производните резултати независно од нивната големина. Во согласност со таа класификација на трошоците, меропретпријатија за заштита на животната средина ги категоризираме во три групи: меропријатија за создавање на ДМА, меропријатија за создавање на ДНА и тековни трошоци.

Проф.Др.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?