Затворен угостителски објект во Никуштак, поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020
Затворен е угостителски објект во Никуштак, поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19, информираа од полицијата.
Вчера во периодот од 17.30 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола на 36 угостителски објекти на териториите на општините Куманово и Липково, во врска со почитување на одлуките на Владата на Република Северна Македонија за работното време, како и држење на дистанца,точење алкохол на малолетници и други прекршоци.
При извршената контрола во 17.30 часот, во угостителски објект во с.Никуштак, општина Липково, сопственост на А.Р.(29) од с.Никуштак, на една маса се затекнати повеќе лица од дозволеното, со што не е почитуван протоколот од Уредбата на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19. Државниот пазарен инспекторат привремнео го затвори објектот.
Рација завчера имаше во Скопје, а вчера пак беше растурена свадба во Врапчиште.