07 Мај, 2024
0.0246

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ И НИЕ СМЕ ДЕЛ ОД ОПШТИНАТА

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Здружение за развој, претприемништво и претприемачко учење Марвел-АДЕЕЛ, Штип на 26-октомври во Свети Николе ја реализираше завршната конференција во рамките на проектот „И ние сме дел од општината“ кој се имплементира во 4 општини од Источниот и Вардарскиот плански регион: Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе. Изготвените предлог акции беа претставени на денешната Конференција за поттикнување на акција на помалите заедници и нивно учество во решавање на проблеми во општините Штип, Кочани, Карбинци и Свети Николе, на која зедоа учество претставници од локалните самоуправи, граѓански организации од вклучените општини и граѓани. На конференцијата зедоа учество: Г-ѓа Л’скова Благица, проектен координатор; Г-дин Арсов Ивица, претставник од општина Свети Николе, Пекевски Синиша, претставник од СИ комуникејшн и Г-дин Илиевски Зоран, Извршен директор на младинската коалиција СЕГА. Говорниците за време на конференцијата зборуваа за граѓанскиот активизам во таргетираните општини, предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во самите општини и процесот на поттикнување акција во помалите заедници со цел нивно учество во решавање на општинските проблеми.

Основна цел на проектот е зголемување на свесноста за својата улога и покренување на активност кај жителите на помалите заедници за решавање на проблемите во нивните општини. Во рамките на овој проект беа имплементирани 12 еднодневни работилници во заедници кои гравитираат кон општините Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе со учество на преку 120 учесници на овие работилници. За време на работилниците беа потенцирани тековни проблеми во самите општини, а учесниците понудија и предлог решенија за истите. Проектниот тим за овие проблеми изготви предлог акции за нивно решавање и истите ги достави до локалните самоуправи од четирите општини.

  Благица Лскова, координатор на проектот изјави: „Успешната имплементација на овој проект придонесе кон зголемување на свесноста на жителите на помалите заедници дека и тие се составен дел од општините и дека и тие можат да придонесат во решавањето на секојдневните проблеми. Преку проекните активности жителите на помалите заедници научија што значи да се биде активен жител на својата општина. Преку овој проект жителите на овие помали заедници научија како да го привлечат вниманието на локалните самоуправи и медиумите со цел да ги решат секојдневните проблеми со кои се соочуваат и во крајна линија да го подобрат квалитетот на живеење. Изготвените предлог акции се само почеток на покренување на процесот на граѓански активизам во помалите заедници од овие општини и искрено верувам дека помалите заедници во иднина ќе бидат носители на предлог решенија за секојдневните општински проблеми.

Овој проект е имплементиран со финансиска помош од страна на проектот ЦИВИКА МОБИЛИТАС. Главна целна група на овој проект се граѓаните на помалите заедници во општините Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе. 

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“