05 Мај, 2024
0.0319

Заврши протестот на родителите, сите петкаши ќе бидат запишани во гимназијата „Орце Николов“

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Заврши протестот на родителите на полуматурантите кои со сите петки го завршиле основното образование а сепак било неизвесно дали ќе се запишат во јунскиот приемен рок во скопската гимназија „Орце Николов“, откако министерот за образование Арбер Адеми им даде ветување дека ќе се распределат во сите девет паралелки.

Тоа значи дека ниту ќе има отворање на дополнителна паралелка, ниту ќе има вонредни квалификациски тестирања, кои всушност беа основната причина поради која загрижените родители излегоа на протест пред Владата.

За упис во ова среднио училиште има убедливо најголем интерес кај новопечените средношколци во цела Македонија и за слободни 285 места се пријавиле дури 330 ученици со сите петки, односно со максимален успех во основните одделенија. Токму поради тоа Министерството за образование одлучи првично да воведе некаков критериум за нивна селекција и решението падна на квалификациско тестирање, што не им се допадна на родителите.

Токму поради тоа,се размислуваше ова средно училиште да биде единственото кое ќе воведе полагање на квалификационен тест за да се направи селекција. Ваквиот критериум во разгледуваше за прв пат после многу години.

Пред два дена беше донесена одлука тестирањето да се спроведе во петок, откако ќе се направи ранг листа, и на наставнички совет ќе се утврди фактичката состојба. Учениците со сите петки во петок требаше да полагаат македонски јазик и математика, а тестовите да ги прави Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието и резултатите да се објават истиот ден.

Родителите собраа потписи против полагањето тест, а петицијата ја доставија до Министерството.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава