ЗДЕЛКА НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА: Кому Грција му го продаде пристаништето во Солун?
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2017
Грчката влада објави дека потпишала договор за продажба на мнозинскиот удел во пристаништето во Солун, објави АФП.
Државната агенција за приватизација наведува дека 67 отсто од акциите се продадени за 232 милиони евра во конзорциум на компании од Кина, Франција, Германија и Грција.
Според официјалните власти, договорот изнесува 1,1 милијарда евра. Исто така, вклучува и 180 милиони евра инвестиции за развој на пристаништата во текот на следните 7 години.