02 Мај, 2024
0.0418

ЗДЕЛКА ВРЕДНА 110 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Сад и Саудиска Арабија со „вооружен договор“

Објавено во: Свет 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

САД и Саудиска Арабија објавија договор за оружје за близу 110 милијарди долари. Ова го соопшти Белата куќа во првиот ден од официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп во странство.

Информациите за зделката се појавија и на Twitter профилот на официјалниот претставник на Белата куќа Шон Спејсер. 

Пакетот од оружје вклучува тенкови, борбени бродови, противракетни системи, радарски и комуникациски системи и технологија за заштита од сајбер напади.

„Овој пакет го покажува можно јасниот начин и посветеноста на САД кон нашето партнерство со Саудиска Арабија и партнерите  од Персискиот залив, додека во исто време ги проширува можностите за американските компании во регионот и поддржува десетици илјади нови работни места во американската одбранбена индустрија" , пишува во официјалното соопштение на претседателската администрација до медиумите.

Огромната инвестиција не е изненадување ако се земе предвид тоа дека кралството го зазема петтото место во светот по трошоци за одбрана. Само во 2017 година 21% од буџетот на земјата се издвоени за воени цели.

Саудиска Арабија е најголем трговски партнер на САД на Блискиот Исток, потсетува Bloomberg. Податоци на Американското биро за попис на населението од 2016 година покажуваат дека двете страни размениле стоки за околу 35 милијарди долари, а еден од главните удели го зазема нафтата.

Односите меѓу двете држави беа изладени за време на владеењето на Барак Обама, кој имаше помека политика кон познатиот непријател на Саудиска Арабија - Иран.

Претходно денеска Доналд Трамп беше удостоен со највисоко одликување на земјата - златен орден "Крал Абдул Азиз" на името на основачот на владејачката династија. Тоа му се доделува "за напорите за развој на билатералните односи и ширење на мирот и стабилноста во светот, а исто така во знак на благодарност за историските врски меѓу Саудиска Арабија и САД", се наведува во соопштението на кралскиот двор, цитирано од светските агенции.

Американскиот претседател пристигна во Саудиска Арабија утринава .

Утре се очекува Трамп да одржи говор, посветен на борбата против исламските екстремисти и начините за повторно обединување.

Можеби ќе ве интересира

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија