Зеленска потврди дека Русите силувале 4 годишно девојче и бара правда
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2022
Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска изјави дека има руските војници силувале 4 годишно девојче.
Таа е во посета на Велика Британија и се обрати пред британскиот парламент. Зеленска го спореди искуството на Украинците со искуството на Британците во Втората светска војна. Изјави дека Британците ги преживеале воздушните напади, кои биле „идентични со оние што Русија сега ги користи за да ја фрли Украина на колена“.
„Вие не се предадовте и ние нема да се предадеме. Но, победата не е единственото нешто што ни треба. Ни треба правда. Доаѓам кај вас за правда“, таа рече.
Зеленска вели дека Русите сакаат деновите и ноќите во Украина да ги претворат во ужас.„Најмладото девојче кое беше силувано од руските окупатори имаше четири години. Најстарата преживеана имаше 85 години. Ова се жртвите“, рече Олена Зеленска.
Зеленска ја повика светската заедница да се обедини и да го поддржи формирањето на специјален суд каде Русите ќе одговараат за злосторствата во Украина.
Во меѓувреме, шефот на украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“, Петро Котин, навестува дека постојат индикации оти руските сили се подготвуваат да се повлечат од нуклеарната централа Запорожје.