04 Мај, 2024
0.0237

ЗЕМЈА КОЈА ВЕТУВА: Не мора да работите, но ќе примате плата!

Објавено во: Стил 11 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Неколку земји, вклучувајќи го Нов Зеланд, Финска и Холандија, и неодамна Канада, се одлучија за експериментална идеја на своите граѓани да им дадат пари на месечно ниво, без разлика дали работат или не.

Во понеделникот претседателот на новозеландската Лабуристичка партија, Ендри Литл, објави дека таа земја ќе ја земе предвид имплементацијата на верзијата на тој систем, познат како „основна заработка“. Оваа партија ќе дискутира за тоа кон крајот на мај, кога би требало да почне пробниот период за проектот.

Оваа идеја иницијално потекнува уште од 1960-тите години, и кратко е пробана во САД и Канада, а основната заработка стана многу популарен концепт во текот на последните неколку години.

Со влошување на минималната заработка на граѓаните и нерамноправноста на здравствениот систем, многумина ја гледаат оваа основна заработка како решение кое конечно би изедначило барем некои ниски слоеви на населението.

„Прашањето е дали имате систем на финансиска поддршка кога останете без работа, да можете да преживеете додека барате нова работа-рекол Литл од Лабуристичката партија од Нов Зеланд.

Луѓето кои учествувале во студијата од 2013 година всушност работеле 17% повеќе работни часа и примале 28% поголеми плати кога имале основна заработка како поддршка.

Во Финска, оваа основна заработка ќе изнесува само 900 долари. Во различни градови во Холандија ќе биде околу 1000 долари, иако уште ниедна земја не почнала со исплатата. Во Канада уште не е одредена висината на исплатата, пренесе Бизнис Инсајдер.