ЗЕМЈА ВО КОЈА СЕ КРИЕ СМРТ: За два дена умреле 110 луѓе од глад
Објавено во: Свет 06 Март, 2017
За 48 часа во Сомалија од глад починале 110 луѓе.
Само во регионот Бај опасност им се заканува на 5 милиони луѓе, наведе премиерот Хасан Али Каире.
Ова е прв извештај за бројот на мртвите, откако во вторник Сомалија прогласи национална катастрофа поради сушата, и тоа е закана за милиони луѓе.
Итна помош и храна им е потребна на 5 милиони луѓе.
Сомалија, Нигерија, Јемен и Јужен Судан се земји за кои од ОН побараа помош од 4.4 милијарди долари.
Во главниот град Могадишу, секој ден илјадници луѓе во хуманитарните агенции бараат помош во храна.
Помош им е потребна 363.000 гладни деца.