ЗЕМЈИ КАДЕ БЕЗ ПРОБЛЕМ СЕ ЖИВЕЕ ПРЕКУ 80 ГОДИНИ: Имаат добра исхрана и одличен здравствен систем
Објавено во: Стил 21 Јуни, 2017
Светскиот економски форум неодамна го објави своето истражување во кои земји е очекуваниот животен век најдолг. И немало некое изненадување дека најдолго се живее во развиените земји каде е подобар здравствениот систем, но и поквалитетна исхраната.
Во некои земји, и покрај тоа, очекуваниот животен век е пократок, поради порастот на ментални проблеми и самоубиства.
Еве листа од 13 земји каде е најдолг животниот век.
13. Шведска -82 години-Добро квалитетна вода која допринесува за долг животен век
12. Исланд- 82.1 година. Според нутриционистите, на целиот свет, Исланѓаните се хранат најдобро. Нивната исхрана го намалува ризокот од дијабетес и проблеми со срцето.
11. Јужна Кореја-82.2 години. Подобрувањето во земјоделието довело и до зголемување на очекуваната животна старост, но загадувањето уште е голем проблем во оваа земја.
10. Луксембург 82.2 години. Оваа земја споредена со остатокот од Европа, има мал број на жители, а висок БДП. Тоа значи добра исхрана и одличен здравствен систем.
9.Израел 82.2 години. Мажите во Израел, споредено со другите земји живеат најдолго на светот. Дали е тоа и покрај или благодарение на задолжителната воена служба?
8. Австралија-82.3 години. Здравиот начин на живот и подобрена здравствена заштита го зголемила траењето на животен век.
7. Франција 82.4 години. Франција ја има една од најниските стапки на дебелина, што допринесува и за долг живот.
6. Сингапур-82.6. Во последните 30 години се зголемила очекуваната животна старост благодарение на високи нивоа на превентива и добро здравство.
5.Италија 82.7 години. Во Италија речиси да нема големо сиромаштво, а економскиот фактор значи дека поголем дел од популацијата може да јаде свежа и здрава храна, што е одличен луксуз за сиромашните.
4. Швајцарија -82.8 години. Како и во повеќето земји на овој список, добра исхрана и здравство се главни фактори на долгиот живот. Најстарата жена во Швајцарија била Роса Реин родена во 1897 а починала во 2010 година.
3. Шпанија-83.1 година. Медитеранска исхрана. Свежо овошје, риба, маслиново масло и јаткасти плодови се заслужни за долгиот живот на Шпанците.
2. Јапонија - 83.6 години. Јапонија пред три години падна на второто место поради растечкиот број на самоубиства на женската популација. Очекуван животен период и понатаму е висок поради здравата исхрана.
1. Хонг Конг - 84 години. Таи чаи им помага на луѓето во Кина да останат активни и во длабоката старост. Храната подготвена на пареа и пиење на чај, исто така, го смести Хонг Конг на прво место на листава.