Земји кои за влакно го избегнаа поголемиот дел од криза
Објавено во: Свет 03 Септември, 2013
Благодарение на закрепнувањето на еврозоната земјите од централна и источна Европа го избегнаа поголемиот дел од кризата, која наводно ги погоди економиите во развој.
„Голем број пазари на капитал во европските земји во развој, особено Полска, покажаа релативна отпорност во текот на неодамнешниот пад на вредноста на акциите на домашните берзи“, се наведува во извештајот од компанијата „Кепитал економикс“, пренесува агенцијата Франс прес. Земјите од централна и источна Европа, кои во голема мера се зависни од еврозоната поради извозот, потонаа заедно со монетарната унија која се лизна во рецесија во текот на последната година и половина. Вредноста на нивните акции, исто така, се намали, со оглед на доминација на западноевропските земји во тој регион, земјите од ЦИЕ немаа голема корист од монетарниот стимул во САД, чие влијание се прелеа на многу други пазари на капитал во пораст и сега предизвикува превривања во други места. „Тоа направи регионот на ЦИЕ да биде помалку изложен на влијанието на евентуалното укинување на програмата од ФЕД за откуп на државните обврзници“, се вели во извештајот. А сега кога еврозоната е надвор од рецесија, економијата на земјите од ЦИЕ исто така оживеа.