13 Мај, 2024
0.0272

Жерновски даде отчет - За успесите е заслужен тој, за неуспесите град Скопје и Владата

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Градоначалникот Андреј Жерновски денеска го презентираше отчетот за сработеното во четиригодишниот мандат како градоначалник на општина Центар во кој ги претстави неговите реализирани проекти. За успесите Жерновски смета дека е заслужен лично тој и раководството на Центар бидејќи сите проекти биле финансирани од буџетот на општината. За сите неуспеси и нереализирани ветувања виновници му се градот Скопје со блокадите и Владата на Република Македонија која им одземала многу ингеренции, а не дале ниту денар како државна помош со што биле единствена таква општина во Скопје.

Сепак, општина Центар е една од најбогатите општини во Република Македонија со голем годишен општински буџет. Жерновски се пожали и дека во четирите години не добивал доволно поддршка од медимите кои не ги пренесувале неговите успеси, но да потсетиме дека редакцијата на Фактор со месеци се обидуваше да реализира интервју со градоначалникот со уредно доставени прашања кои никогаш не беа одговорени.

Досега најголемите поплаки на граѓаните на Центар се ниското ниво на хигиена на јавните површини, сообраќајниот хаос, комуналните проблеми кои бавно се решаваат, сообраќајниот метеж на повеќе локации. Градоначалникот Жерновски додека даваше отчет и самиот кажа дека јавната хигиена и комуналните проблеми во општина Центар постојат, но дека службите на оштината се малку на број и немаат доволно средства. 

Го прашавме градоначалникот за помпезно најавеното рушење на терасата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ како дивоградба, но процедурата е блокирана од страна на град Скопје и министерството за транспорт и врски, па верува дека сега со промена на власта ќе се вратат ингеренциите на општина Центар и решението за уривање ќе може да се спроведе. 

Жерновски откако ги претстави завршените проекти како нова детска градинка, започнување на изградба на училиште во Капиштет и изградба на повеќе мали плоштади, најави дека има намера да се кандидира за втор мандат. Нашето прашање беше дали ќе добие поддршка од СДСМ и коалицијата за наредните избори во општина Центар.

- Одлуката ќе зависи од СДСМ. Јас ќе ги почитувам партиските процедури и веќе ја поднесов мојата кандидатура. Тука се анкетите и поддршката, па ќе сочекаме на одлуката на СДСМ за тоа дали ќе бидам кандидат за градоначалник на општина Центар, изјави Жерновски, но не прокоментира дали доколку не добие поддршка ќе се одлучи самостојно да настапи на изборите. 

Андреј Жерновски се надева на враќање на ингеренциите за конечно да се надминат многу проблеми со кои се соочуваат граѓаните, но помина четири години на власт во кои посочи повеќе изговори отколку решенија и обиди да постигне компримиси со градската и централната власт.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР