ЖЕЖОК ВИКЕНД: За новиот владин кабинет Собранието ќе гласа во сабота
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
Седницата за избор на новата Влада на мандатарот Зоран Заев е закажана за в сабота за во 11 часот. Денеска тој го достави предлогот за новиот владин кабинет. Придружуван од новите 19 министри рече дека граѓаните ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна влада, чии стратешки приоритети остануваат НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со коронавирусот и создавање економски раст.
„Денеска како мандатар до Собранието доставувам предлог за влада која е подготвена да сработи во полн четиригодишен мандат. Со мене денес се 19 министри и министерки. Сите заедно се обврзуваме дека ќе водиме напред, секој ден, секој час, дека ќе работиме уште повеќе и подобро, и дека ќе побараме од секој од вас, од секој граѓанин уште поголемо учество“, рече Заев.
Во новата коалициона Влада, Заев е биде премиер.
Љупчо Николовски – вицепремиер
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Бојан Маричиќ – министер за правда
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Ирена Стефоска – министерка за култура
Горан Милевски - министер за локална самоуправа.
Предизборниот коалиционен партнер БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа. Од ДУИ предложени се
Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем
Фатмир Бесими – министер за финансии
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Крешник Бектеши – министер за економија
Насер Нуредини – министер за животна средина
Јетон Шаќири - министер за информатичко општество и администрација