ЖАЛИ ИЛИ ГЛУМИ: Трамп се извини за навредите и остри критики
Објавено во: Свет 20 Август, 2016
Кандидатот за претседателот на САД Доналд Трамп за прв пат се извини за своите остри проценки и коментари.
„Понекогаш за време на разгорена полемика, кога треба да зборуваш за многу работи истовремено, ги селектираш неправилно зборовите и велиш невистинити нешта. Јас правев така и жалам за тоа, особено кога тоа може да предизвика болка на некого“, изјави Трамп пред гласачите во градот Шарлот, Северна Каролина.
Трамп сепак истакна дека тој не го зборува она во кое не верува. „Иако Хилари Клинтон во овој поглед е целосна спротивност. Таа никогаш не ја кажува вистината“, додаде милијардерот.
Американскиот весник Huffington Post го окарактеризира овој момент од говорот на Трамп како „редок“, а британскиот Daily Mail како „речиси без преседан“.
Во меѓувреме Доналд Трамп заостанува со 8% од противничката Клинтон, покажува последното истражување спроведено во сите 50 држави, на агенцијата Reuters и социолошката компанија Ipsos. Тој ја има поддршката на 34% од испитаниците кои планираат да гласаат, а Хилари Клинтон ја добива поддршката на 42 отсто од избирачите.