07 Октомври, 2024
0.0247

Жерновски се откажува од чување на новите споменици

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Општината Центар побара Градот Скопје да си го преземе одржувањето и чувањето на новите споменици и објекти од проектот „Скопје 2014“. Како што стои во Предлог одлуката и точка на дневен ред на шестата седница на Советот надлежноста над овие објекти ја има градот бидејќи тие се наоѓаат во надлежност на градската власт. Според пресметките само лани за чување и одржување на новите објекти општината потрошила над 250 илјади евра. Најголем дел од парите завршиле за фонтаните во Вардар и за чување на „Воинот на коњ“.  Така, 6,8 милиони денари биле потрошени за фонтаната на Воинот на коњ и на фонтаните во Вардар, плус уште 2 милиони денари за потрошена електрична енергија. Предлагач на оваа точка е градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, поради што од советничката група од ВМРО-ДПМНЕ побараа лично да им го образложи предлогот, но најавија дека не се противат на предлогот. Од Град Скопје пак најавија дека ќе ја прифатат одговорноста за овие објекти. На денешнта седница советниците не успејаа да се договорат ниту за останатите точки од дневниот ред. Продолжението е закажано за 22-ри овој месец, а утре ќе се одржи спорната расправа за Деталните урбанистички планови, кои предизвика протести и нереди пред општината.

Можеби ќе ве интересира

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ