11 Мај, 2024
0.0258

ЗИМСКИ ПРЕОДЕН РОК: Колку ќе потрошат клубовите за нови фудбалери?

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Со почетокот на новата година, почна и зимскиот преоден рок за фудбалските клубови ширум светот. Ова е период во годината кога се истураат големи пари за да се донесе квалитетен играч, а потврда за тоа е фактот дека само во првите 24 часа беа потрошени скоро 300 милиони евра на трансфери.

Првиот голем трансфер во 2019 година го направи супер богатиот Челзи. Лондонскиот клуб на милјардерот Роман Абрамович плати 64 милиони евра за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ.

Вториот најголем трансфер го направи кинески Гуангжу Евергранде, кој на Бенфика и плати 19,2 милиони евра за Андерсон Талиска. Потоа следува трансферот на Амаду Хаидара, кој за 18 милиони евра премина од Салцбург во Лајпциг, додека Беник Афобе за 13,5 милиони го засили Стоук од Волверхемптон.

Внимание привлекоа и трансферите на Аргентинецот Максимилијан Мезе од Индепендиенте во Монтереј за 13 милиони евра, и трансферот на хрватскиот голман Ловре Калиниќ од Гент во Астон Вила за шест милиони евра.

Веќе се забележани повеке од 5000 трансфери, главно се работи за играчи кои биле слободни или порано ги имаат договорено своите нови агнажмани.


Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска