Живо бебе најдено во контејнер
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2018
На 31 декември во контејнер на улицата „Косово“ во Сараево е пронајдено живо бебе, старо само неколку дена.
Бебето е сместено на Клиничкиот центар во Сараево, а за случајот е информиран Центарот за социјална работа на Сараево.
Полицијата работи на расчистување на случајот, а засега никој не е уапсен.