14 Мај, 2024
0.0272

Златен и сребрен медал за вината на „Стоби“ на меѓународниот натпревар „Мундус вини“

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Вината „Аминта“ и „Ркацители“ на винаријата „Стоби“ освоија еден златен и еден сребрен медал на Меѓународниот натпревар за квалитет на вината „Мундус вини“ што се одржува во Германија.

Со највисоко признание се закити виното „Аминта“ од бербата од 2015 година, кое е дел од ексклузивната линија вина „Приватна резерва“ (Private reserve), додека сребрен медал освои виното „Ркацители“ од бербата од 2016 година. Престижните награди за квалитет „Стоби“ ги доби во конкуренција на повеќе од 6.700 вина на производители од целиот свет, а одлуката ја донесе меѓународно жири сочинето од висококвалификувани судии – дегустатори, односно енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија.


Вината на „Стоби“ редовно освојуваат високи признанија на најпрестижните светски натпреварувања, на што сме особено горди бидејќи тоа е потврда за врвниот квалитет на нашите вина. Од друга страна, тоа е добат поттик и за извозот на флаширано вино од Македонија на европските и светските пазари, бидејќи потрошувачите добиваат и официјална потврда дека вината од земјава се навистина квалитетни и високо оценети од винските стручњаци – изјави Ана Јорданова, сопственичка на винаријата „Стоби“.


Наградените вина на „Стоби“, заедно со другите победници на „Мундус вини“, ќе бидат изложени пред посетителите на големиот вински саем „Провајн“ во Дизелдорф што ќе се одржи во средината на март.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти