Знаете ли зошто во соновите, кога ве бркаат, не можете да трчате?
Објавено во: Стил 12 Јануари, 2015 18:05
Многу лица барем еднаш сонувале дека се наоѓаат во непосредна опасност, но не можат да избегаат бидејќи се премногу бавни.
Во таквите соништа чуствувате дека телото ви е тешко и дека се пробивате низ некоја течност, а не воздух.
Зошто се случува тоа?
Некои истражувања упатуваат дека нашите соништа всушност се одвиваат во т.н. „slow motion“.
Даниел Ерлахер, психолог од Универзитетот во Берн направил експеримент како би ја анализирал активноста на мозокот во текот на сонот и открил како мозокот рагира на активност во сон.
За тие потреби ангажирал испитаници кои имаат таканаречени луцидни соништа и можат да го контролираат нивниот тек.
Се констатирало дека испитаниците, и покрај нивните вештини, не успеале да се движат и извршуваат задачи со иста брзина како на јаве. Меѓутоа, резултатите не можат да се применат и на лица кои немаат луцидни соништа.
Од друга страна, Јан Волас, психолог и експерт за спиење смета дека причината на таквите соништи им е некој животен проблем.
„Вашите нозе го претставуваат вашето движење низ животот“, објаснува тој.
„Ако сонувате дека нозете ви се движат премногу бавно, а се обидувате да избегате, веројатно на јаве чуствувате дека некој проблем ви го кочи напредокот во животот“, вели тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





