„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Максим Димитриевски на прес конференција им се заблагодари на гласачите.
„ Чест ми е што имам можност да кажам дека денес ЗНАМ, заедно со сите свои подржувачи испишува нова политичка историја на македонската политичка сцена и можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во земјата“, рече тој.
Тој им се заблагодари на граѓаните што гласале и за него и за неговите опоненти, затоа што, како што рече, денес победила демократијата и Македонија.
„Тоа е целта, Македонија да продолжи обединета а не разединета“, рече тој.