02 Мај, 2024
0.0302

ЗНМ: МВР и Обвинителството итно да ги откријат и казнат напаѓачите и заканувачите врз новинарите

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува онлајн нападите и заканите по безбедноста на новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс.

Бурнс во текот на вчерашниот ден добила низа закани на својот личен профил на Фејсбук, поради објавување на текст за свадба која се одржала во Тетово, укажувајќи дека тоа е спротивно на законската регулатива која се однесува на борбата против епидемијата со Ковид-19.

„Бараме од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да превземат дејствија за откривање на лицата кои стојат зад профилите кои се заканиле на новинарката и да ги изведат пред лицето на правдата. Објавувањето на вакви и слични престапи од јавни собири преку кои може да се загрози јавното здравје е од јавен интерес и новинарите во никој случај не треба да добиваат закани по својот живот поради откривање и обелоденување на ваквите групни собири“, велат од ЗНМ.

Додаваат дека овој напад уште повеќе ја истакнува потребата од законски измени во Кривичниот законик. 

„Во соработка со ССНМ веќе подолго време бараме измени со кои нападите врз новинарите и медиумските работници треба да бидат третирани како напад врз службено лице. Ова значи дека со ваквите измени на законот институциите ќе бидат обврзани по службена должност да преземаат мерки и дејствија за расчистување на нападите врз новинарите.

Од новата влада, како и од новиот парламентарен состав ќе продолжиме да бараме итно да се пристапи кон измени и дополни на Кривичниот законик со кој ќе се гарантира поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Новинарската професија е клучна за функционирањето на секоја демократска држава и затоа сметаме дека е крајно време законски да се заштитат професионалните новинари како едни од клучните столбови за штитење на јавниот интерес“, се вели во соопштението од ЗНМ. 

Здружението на новинарите на Македонија, исто така, остро го осудува нападот кој се случил вчеравечер во еден скопски локал врз новинарот и уредник на Лидер, Љупчо Златев. Тој веднаш по инцидентот го пријавил случајот во полиција, по што е направен записник од страна на полициските службеници.

„Бараме од Министерството за внатрешни работи итно да ги истражи мотивите за нападот како и лицата кои биле вклучени во инцидентот. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство само преку брза постапка ќе покажат дека постои волја за расчистување на случаи во кои има напади врз новинари. Со тоа ќе се придонесе кон обесхрабрување на идни напади, а и ќе се подобри степенот на безбедност на новинарите и медиумските работници“, пишуваат од ЗНМ.

Нагласуваат дека сите видови на притисоци и закани кон новинарите и медиумските работници негативно се одразуваат на слободата на изразување и креираат ефект на самоцензура. 

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите