Зошто Британија воведува данок на шеќер?
Објавено во: Свет 19 Август, 2016
Велика Британија ќе воведе данок на шеќер и сокови, а парите собрани од данокот ќе ги вложи во здравствени програми со цел борба против дебелеењето посебно кај децата.
Данокот се однесува на пијалоци кои имаат повеќе од 5 грама шеќер на 100 милилитри, а поголем данок ќе има за оние сокови кои содржат повеќе шеќер.
Британија со овој чекор го следи примерот на Белгија, Франција, Мексико и Унгарија кои со ваква мерка се борат против дебелеењето.
Здравствениот систем троши милијарди фунти на санирање на последиците од дебелеењето.
Властите сакаат за 4 години да го намалат шеќерот во производите кои се популарни меѓу децата за 20%.
Оваа одлука наиде на критики и беше кажано дека заради овој данок ќе се затворат илјадници работни места.