Зошто читањето нe успива?
Објавено во: Стил 10 Октомври, 2015
За време на читање, многу луѓе почнуваат да чувствуваат поспаност, особено ако имаат навика да читаат пред спиење. Некои успеваат да прочитаат само неколку страници, пред да заспијат, но има и такви на кои читањето не им дејствува приспивно, без разлика во кое време на денот се случува тоа.
Овој процес често не пренесува во други светови и може да биде речиси смирувачки. За него е карактеристично ритмичко движење на очите, опуштеното тело и фокусирано внимание. Кога падне во оваа состојба, телото станува пасивно, будноста се намалува. Исклучок прават случаите кога читањето има потреба од употреба на умот. Таков пример е комбинирањето со решавање на математичка задача, размислување и др.