Зошто и требаат имигрантите на Канада?
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2016
Имигрантите се од клучно значење за економскиот раст на Канада.
Во државата населението старее побрзо во споредба со повеќето развиени земји.
Додека придобивките од имиграцијата се ставени на тест од политичарите во Европа и САД, податоците покажуваат дека економијата на Канада веќе станува целосно зависна од имигрантите.
Во последните 12 месеци бројот на имигрантите кои работат во Канада, пораснал за 261 200, што е за 6,6% повеќе на годишно ниво, покажуваат најновите статистички податоци.
Во истиот период позициите на кои работат Канаѓани се намалени за 93 300 места.
Во Торондо уделот на имигрантите од вкупната работна сила е над 50% во последните 8 месеци.
Ова покажува дека дури и во развиените градови Канаѓаните старејат.