Зошто има тенкови на аеродромот во Москва?
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2019
Тенк има на аеродром во Москва.
Аеродромот Домодедово во Москва купи оклопно возило “BREM-1” и го користи за своите потреби.
Од управата на овој аеродром процениле дека ова возило е одлично за решавање на проблемите на авионите кога има многу снег, затоа што може лесно да ги влече авионите ако излизгаат од пистата.
Првобитната намена на оваа воена машина е извлекување на оштетените тенкови од бојното поле, но овде се користи за друга цел.
“BREM-1” на аеродромот Домодедово се користи за влечење на авиони во случај на потреба од тоа, а ќе се користи и за чистење на снегот од пистите.
Советската војска го користеше ова оклопно возило во 70-тите и 80-тите години од минатиот век за влечење на тенкот Т-72.
Руската армија и ден денес го користи “BREM-1” кој има различни додатоци за чистење на разни препреки, а има и дигалка која може да подигне до 12 тони.