29 Април, 2024
0.2026

Зошто Кинезите не сакаат јапонски автомобил?

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

За време на глобалната криза на автомобилскиот пазар, побарувачката на автомобили во Кина продолжува да расте и во последните пет години претставува третина од вкупниот раст во автомобилската индустрија во светот. Минатата година просечната продажба на патнички автомобили и моноволуменци во САД и западна Европа е намалена за девет, односно 14% во однос на пред кризното ниво, додека во Јапонија беше на нивото од 2007 година, посочува консултантската куќа Аликс од Шангај во своето истражување. Од друга страна, продажбата на возила во Кина е повеќе од дуплирана на 18,6 милиони автомобили со што оваа земја стана најголемиот светски пазар на возила. Меѓутоа, јапонските произведувачи на автомобили пропуштија да го искористат таквиот развој на настаните. Големата тројка на јапонската автомобилска индустрија, Toyota, Honda и Nissan, забалежаа пад на уделот на кинескиот пазар со повеќе од една четвртина на вкупните 15% во првата половина од годината. Тоа е донекаде оправдано со  оглед на тоа дека јапонските компании се најдоа на удар на политичките тензии меѓу двете азиски економии. Страстите се разгореа во Септември во Кина, откако јапонската влада ги купи спорните острови во источното кинеско море од нивниот приватен сопственик. Јапонските автомобилски компании кратко прекинаа со производство во Кина по нападот на демонстрантите врз нивните автомобили и продажни објекти. -          Во старт останавме со 50% помала продажаба, вели извршниот директор на Nissan, Карлнос Госн. Неговата компанија се уште го нема повратено уделот од 7,7% на кинескиот пазар, кој го имаше пред почетокот на тензиите врзани со островите. Продажбата на возилата на Toyota исто така забележа остар пад, а таа компанија беше приморана привремено да го намали производството во некои фабрики дури и за 60%. Лидерите на јапонскиот автомобилски пазар признаваат дека сериозноста на инцидентот ги изненадила, бидејки во минатото гео-политичките проблеми помеѓу двете земји не влијаеле сериозно на производството и продажбата. -          Најголем проблем имаат дилерите. Ако пордажбата паѓа или ви ги кршат прозорците на продажните салони на секој три или четири години поради некое глупаво политичко прашање, се прашувате дали треба да продолжите да работите, вели Иво Науман од Аликс. Во 2008 година, Toyota поседуваше 10% од кинескиот пазар и беше втора нај продавана странска марка на автомобили, по Volkswagen. Меѓутоа, по глобалната финансиска криза, компанијата го запре ширењето во Кина. Повеќе од 100 производители на автомобили работат во Кина, вклучувајки ги и сите големи меѓународни компании. -          Тие ќе го повратат пазарниот удел. И понатаму ова се моќни комапнии кои имаат одлични возила, вели Науман. К.К

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД