02 Мај, 2024
0.0257

Зошто плаќаме 109 евра мегаватчас зелена струја и сме најзагадена земја во Европа?

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

За произведените зелени 326.700 мегаватчасовиструја лани сите ние заедно сме платиле 35,7 милиони евра. Од тие пари околу 10 милиони евра завршија во државната ЕЛЕМ, а другите 25,7 милиони евра ги поделиле 176 приватни фирми кои се привилегирани производители на струја. Меѓу нив се 3 фирми кои земале 9,5 милиони евра, а произведуваат струја од животински измет. Со произведената зелена струја за цела година лани можеле да се покријат потребите на Македонија за неполни 20 дена и тоа чини 35 милиони евра. Може ли со тие пари да се реши системски загадувањето на Скопје?

Македонските потрошувачи на електрична енергија лани платија 35,7 милиони евра за струјата што ја произведоа обновливите извори на електрична енергија кои не загадуваат, а произведуваат струја. За секој мегаватчас зелена струја сме платиле по 109,2 евра. Ова се официјални податоци кои во својот извештај за 2017 година ги објави Регулаторната комисија за енергетика. Во исто време мегаватчас струја произведен од јаглен на ЕЛЕМ го плаќаме помалку од 45 евра, а на берзите во регионот мегаватчас струја најчесто се плаќа во дијапазон од 35 до 80 евра во зависност од периодот во годината и во кои часови од деноноќието ќе се користи.

Во Македонија зелена електрична енергија се произведува од четири типа на извори: вода, ветер, сонце и измет од добиток или живина. Најплатени се централите кои произведуваат од измет. Лани три такви централи произвеле 51.555 мегаватчасови електрична енергија и за тоа добиле 9,5 милиони евра! Во регистарот на такви централи на РКЕ има два производитела: првиот е гасната централа кај битолското село Породин која е во сопственост на ЗК „Пелагонија“ и втората е на познатиот голем производител на кокошкини јајца  „Везе Шари“ од општина Желино. Еден производител произведува од ветер, а тоа е државниот монопол ЕЛЕМ кој лани произвел 110.480 мегаватчасови и за тоа наплатил безмалку 10 милиони евра.Во својата ветерна централа поставена на Богданци ЕЛЕМ вложи околу 60 милиони евра. Во периодот од 2015 година до 2017 година ЕЛЕМ од оваа централа остварил приход од продажба на струја во вредност што надминува 30 милиони евра. 

Во Македонија има 73 мали хидроцентрали со инсталиран капацитет од 67,5 мегавати. Тие во 2017 година произвеле 141.187 мегаватчасови електрична енергија и за тоа меѓусебно поделиле околу 12 милиони евра. Сончевите централи се вкупно 102 со инсталирана моќност од 16,7 мегавати. Тие произвеле 23,8 мегаватчасови со вкупна вредност која е пониска од половина милион евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?