Зошто се празнува први мај и дали скарата стана заштитен знак?
Објавено во: Свет 30 Април, 2018
Утре се празнува Меѓународниот ден на трудот, први мај. Пандан на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, овој празник покрај тоа се одбележува и во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1. до 4. Мај 1886 година во Чикаго. Благодарение на работниците се денес постои 8-часовното работно време.
За време на Штрајкот била употребана сила од страна на полицијата а неколку дена подоцна четворица од организаторите биле погубени. Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала на основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Сепак, овој празник најмногу се одбележува во поранешните комунистички земји.
Како вие ќе го поминете празникот, со скара или?