31 Март, 2020
0.0415

Зошто топлинските пумпи се иднината во греењето

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2018

Трошоците за греење и ладење во домот претставуваат важен сегмент во семејниот буџет. Планирајќи го начинот на кој ќе се грееме и ладиме, секогаш ги проценуваме трошоците за купување и инсталирање на системот, трошоците за енергенси на ниво на месец или сезона, секако комодитетот кој нѝ го овозможува системот и во последно време сме сѐ посвесни  за импактот што нашиот избор го има врз животната средина.

Традиционално, доколку нема можност за централно греење од топлана какво што има само во Скопје (иако постојат услови и во  Битола), луѓето се одлучуваат за греење на струја (парно, панели, греалки, термопечки итн) или греење на дрва кое се чини според сите пресметки е најекономично но и најмногу придонесува за загадувањето на животната средина. Во последно време и неоправдано популарни станаа пелетите кои речиси исто загадуваат како дрвата, а можеби и повеќе со оглед на тоа дека на пазарот има пелети со различен и не секогаш одличен квалитет.


Навиките и енергетската ефикасност

Македонците, како народ, вообичаено сакаат домот да им биде многу топол. Со печките на дрва и пелети го загреваат домот на 25-30 степени (тешко се регулира ослободувањето на енергијата при согорување) па потоа отвораат прозорци и со тоа енергетската ефикасност „отишла“ низ прозорецот.

Во западниот свет оптималната температура на живеалиштата во текот на денот се движи околу 22 степени, а ноќе околу 18 степени. Едноставно на тој начин и во лето и во зима го избегнуваат температурниот шок. Токму со оптималната разлика меѓу температурата внатре и надвор, се дефинира енергетската ефикасност на системите за греење и ладење. Оттука во глобални рамки се наметнува како греење на иднината токму системот со топлински пумпи.


Како функционира?

Топлинската пумпа со користење на техничките достигнувања и законите што важат во природата, топлината од надвор со мала потрошувачка на енергија ја покачува на повиско ниво во внатрешноста. Постарите и поевтините производи трошат еден киловат час електрична енергија, а внатре во просторијата има загревање од минимум два. Поновите топлински пумпи нормално е да даваат најмалку три, а во некои случаи четири до пет киловати енергија. Тоа практично значи да се плаќа еден киловат час електрична енергија, а да се добива четири или повеќе киловати за разлика од обичните греалки. Вентилаторскиот конвектор (фенкојлер) не само што работи со пониска температура на водата туку поседува и филтер кој го задржува поголемиот процент на прашина и нечистотија кои инаку лебдат во вашата просторија.

Зошто систем воздух - вода?

Нудат максимална удобност, економичност и лесно одржување. Кај овие системи можеме да бираме колку да ни биде темературата во лето при ладење и во зима при греење. Ладењето може да се манипулира од 7  до 12 или до 20 степени, исто и греењето од 35 до 50 степени. Системот е скалабилен и за да биде енергетски ефикасен се подесува да има помали разлики внатре- надвор. 

Експертите од МИДЕА ЦАЦ велат дека е многу важно добро да сте информирани и да почнете да планирате уште додека објектот е во градба независно дали се работи за семејна куќа или станбена зграда.

„Можеби е финасиско оптоварување да се вгради ваков систем, вели Сами Морина, генерален менаџер на Еко Енергис, но на подолг рок инвестицијата се враќа релативно брзо. Многу е потешко, а некогаш и невозможно да се прилагоди веќе постоечки објект и сигурно ќе чини многу поскапо.


Како да знаете дека на минус 25 степени ќе бидете загреани со ваквите системи?

Едноставно направете компјутерска проекција во која се зема предвид квадратурата, изолацијата, прозорците, сценаријата за тоа колку би била висока или ниска надворешната температура и колку би сакале да ви биде топло по дома. Откако ќе се направи проекцијата се избира моќноста на пумпата и опциите за поврзување на соларни панели, централен бојлер, подно греење, вентилација, греачи за догревање при екстремно ниски температури итн.

„Да ги земеме како пример куќите во Комплексот Ветрило направени според сите врвни стандарди за енергетска ефикасност – вели Морина. Таква куќа со кавадратура од околу 110м2, за да се грее при минус 15 или минус 20 степени се потребни 7 до 8,5 KW, а ние предвидовме 12 KW надворешни единици. Некој ќе каже предимензионирано е. Не е. Според табела на перформанси таа 12 KW  единица на минус 15 степени ги дава некои 5 KW, а  имаме и бекап греачи за минус 20 и пониски температури и 100% сме сигурни дека никој нема да се пожали дека му е ладно дури и на минус 25 степени.“

Трошок

Кога зборуваме за трошок истиот систем може да троши 30 денари по метар квадратен а и 70 денари по метар квадратен на месечно ниво и тоа не зависи само од надворешната температура туку и од внатрешната, односно колку топло сакате да биде. Важно е дека системот е скалабилен и колку загревате толку трошите. Во најладниот месец можеби ќе имате од 15% до 20% повисока сметка споредено на пример со греење на пелети но ако го гледате просекот за цела грејна сезона имате 30% по енергетски ефикасен систем. Од друга страна најголемата придобивка е чистиот воздух што е многу важно за урбани средини каде согорувањето на тврди горива допринесува за големо загадување на воздухот. Во споредба со било кои грејни тела со согорување каде е задолжително складирање на гориво, носење, товарење, чистење (пепел, оџак и.т.н.), топлинските пумпи иако може да кажеме дека даваат луксуз но факт е дека го даваат потребниот комфор и порационално трошење на времето кое инаку е неопходно при користење на грејните тела со согорување.


Одржување

Одржувањето на топлинските пумпи е едноставно. Повременото чистење на филтерот при почетокот на користењето (по инсталирањето) со едноставно миење може да го прави и самиот корисник. На секои 4-5 години користење на системот треба да се испере изменувачот и тогаш ви е потребна сервисна служба. Што се однесува до потребниот простор, надворешната единица е 40х90цм и треба да биде поставена на некои 30цм од ѕидот. Треба да се постави на место каде има добро проветрување и одвод за водата.

Текстот е препорачан од Еко Енергис – Мидеа ЦАЦ и Комплекс Ветрило

Можеби ќе ве интересира

„Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност! Одбери полиса за осигурување живот од „Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје“!

„Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност! Одбери полиса за осигурување живот од „Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје“!

Wines of Macedonia: Донираме медицинска опрема на Инфективна клиника

Wines of Macedonia: Донираме медицинска опрема на Инфективна клиника

Година на легендите: Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

Година на легендите: Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

Утре прекин на водоснабдувањето близу касарната Илинден

Утре прекин на водоснабдувањето близу касарната Илинден

Санирани дефекти во Скопје

Санирани дефекти во Скопје

Донација од Нектар: Фруктал производи за Инфективната клиника

Донација од Нектар: Фруктал производи за Инфективната клиника

ЈП Водовод и канализација: Неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација: Неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

ЈП Водовод и канализација: Дел од Тафталиџе утре без вода

ЈП Водовод и канализација: Дел од Тафталиџе утре без вода