Зошто Вучиќ не замина за Лепосавиќ?
Објавено во: Балкан 29 Март, 2017
Српскиот премиер и кандидат за претседател на земјата, Александар Вучиќ нема да го посети Косово за време на кампањата.
Посетата беше планирана за денеска, но веќе е јасно дека тоа нема да се случи.
„Нема да прифаќам сличен притисок и циркус од страна на Приштина“- изјави Вучиќ за српските медиуми во Белград.
Според него, претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа навеле едно од писмата до него, за да ја измамат меѓународната заедница, но во исто време поставувале услови.
Во писмото до Вучиќ косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај напиша дека српскиот кандидат за претседател може да го посети Косово во текот на три часа. Хоџај појасни дека тоа ќе биде последниот случај во кој властите во Приштина дозволуваат на српските политичари да водат предизборна кампања на територијата на Косово. Тој соопшти дека одлуката е донесена како израз на добра волја кон странските партнери, како што се Германија и Европската Унија.