10 Мај, 2024
0.0333

ЗОШТО ЖЕНИТЕ НА ВИСОКИТЕ ПОЗИЦИИ ГО НАПУШТААТ ГОЛДМАН САКС - ова се неколку можни причини

Објавено во: Економија 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Голдман Сакс, гигантот во инвестициското банкарство, се соочува со егзодус на жени на врвни позиции.

Кога Дејвид Соломон стана извршен директор на Голдман Сакс пред нешто повеќе од пет години, тој постави приоритет да ги промовира жените на највисоките позиции во фирмата. Деновиве, на вечера во неговиот стан на Менхетен, на која поканил партнер во фирмата, ќе се соочи со прашања зошто тоа не му успеало.

Околу две третини од жените кои биле партнери на крајот на 2018 година ја напуштиле фирмата или повеќе не ја имале таа титула, според анализата на Волстрит журнал.

Ниту една жена моментално не води голем оддел или внатрешно се смета за веродостоен кандидат еден ден да го наследи Соломон. Двајца од осумте извршни директори на Голдман се жени – на правни и сметководствени позиции кои не генерираат приходи.

Заминувања по 20 години во компанијата

Една од оние кои заминаа беше Стефани Коен. Коен беше успешна инвестициска банкарка која беше преместена да копретседава со бизнисот со потрошувачите и управувањето со богатството кон крајот на 2020 година, што ја прави една од ретките жени во историјата на Голдман што водела голем оддел во фирмата. Но, тој дел од компанијата веќе имаше длабоки недостатоци и критичари на високо ниво во компанијата. По милијарди загуби, Голдман се повлекува од овој бизнис. Коен минатиот јуни замина на одмор од лични причини и не се врати. Како што пренесува WSJ, таа е новиот шеф на стратегија во Cloudfare, давател на облак услуги. Таа помина речиси 25 години во Голдман Сакс, според нејзината биографија на LinkedIn.

Меѓу оние кои заминаа беа Бет Хемок, која ги водеше операциите на компанијата и беше директор на директори на компанијата две децении, како и Сузи Шер, партнер во компанијата од 2006 година и во последните две години како претседател на глобалните финансии.

Општите превирања во Голдман во последниве години довефдуваа дио заминувања и на мажи и на жени. Но, менаџерските одлуки и практики имаа поголемо влијание врз помалку женски партнери.

Оцрнета работа на женските партнерки

Сегашните партнери во компанијата ги опишаа за WSJ случаите во кои, за разлика од прегледите на перформансите, работата на женските партнерки беше оцрнувана. Некои партнерки се загрижени дека еден од најмоќните директори на Голдман, Марк Наман, сега глобален шеф за управување со средства и богатство, ги поткопува нивните кариери со тоа што им кажува на другите директори дека не можат да бидат лидери, дека не знаат како да ја вршат својата работа, дека се „лесни“ или им недостасуваат одредени квалитети.

Додека некои велат дека Нахман е подеднакво критичен кон мажите, еден од партнерите на компанијата вели:

„Тој е слеп пред фактот дека е потешко да го правам тоа што го работам затоа што тука сум жена.

Бонитет.ком

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?