02 Мај, 2024
0.0314

Журките во Аватар повторно жешка тема: Локалот е пререгистриран во кафуле

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Струмичкиот локал Аватар кој Пазарната инспекција го затвори на 21 јули годинава, повторно е отворен и во објектот на големо се прават журки. На фејсбук се споделуваат видеа од забавите кои се организираат таму. 

Во изјава за Фактор, директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, вели дека во периодот додека „Аватар“ бил затворен, некој го поучил дека ниту до крајот на годината нема да добие дозвола за работа како ноќен клуб, заради што се пререгистрирал.

-Сега „Аватар“ работи како кафуле. Ги преместил шанковите, масите, преуредил за да може така да функционира. Во петокот имаше инспектори кои таму беа до 1.10 по полноќ, пшо што уредно затворил и сето тоа е документирано. Но, во саботата кога нашите инспектори беа испратени во Радовиш и во Гевгелија, од каде што добивме дојави дека ќе има забави, најверојатно некој му пренел дека нема да има инспекција кај него. Тогаш всушност се случува журката и тогаш се направени видеата на кој се гледа целосно непочитување на протоколите. За ова „Аватар“ доби кривична пријава од МВР, вели Пауновски за Фактор.

Истовремено, додава Пауновски, вакви проблеми имаат од 30-тина локали, односно регистрирани како угостителски објекти, каде што, некаде се пречекорува и работното време, а заедничко за сите е што никаде не се почитуваат протоколите.

 

Инаку Аватар беше затворен откако во јавноста беа објавени снимки од журки кои се правеа таму а на кои с егледаше дека не се почитуваат протоколите за работа.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест