08 Мај, 2024
0.0619

Ако патувате внимавајте на овие патни правци

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2013

Добивај вести на Viber

На патниот правец Гостивар - крак Маврово кај с. Церово на еден километар пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово-Дебар-Струга. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

Во тунелите на патниот правец Демир Капија – Удово завршено е периодичното сопирање на сообраќајот, но сеуште се изведуваат градежни работи и сообраќајот е регулиран со семафори за наизменично пропуштање на возилата.

Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај. Сообраќајот се одвива до месноста Корита, но само од охридската страна.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“