АЛБАНЦИТЕ АПСАТ: Лоцираа кој е виновен за катастрофалните последици од земјотресот
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2019
Албанските власти ќе ги апсат несовесните градители, откако во земјотрес минатиот месец загинаа над 50 луѓе.
Во градот Драч, три лица се уапсени по обвинение дека се виновни за смрт предизвикана од уривање на објекти по земјотресот на 26 ноември.
Четири лица се обвинети за намерно убиство на 24 жртви во земјотресот во Драч.Уапсени се и двајца градители, 79-годишниот Ружди Џека за објектот хотел „Мира Маре“, каде загинаа две лица, и Авдула Османи (61) за изградба на хотелот „Тропикал“, каде загинаа двајца државјани на Косово.
Во листата објавена од полицијата на која има девет лица се наоѓа и 53 годишниот Кујтим Хаса, вработен во Министерството за внатрешни работи.Во обвинителството на Дрaч досега се испрашани повеќе од 90 лица, меѓу кои повеќе инженери, сопственици на објекти и градители. Досега според истрагите, треба да бидат уапсени 19 лица.
И денеска во Албанија е регистриран земјотрес со јачина од 2.5 степени. Епицентарот бил на 2 км од Влора. И во текот на вчерашниот ден се регистрирани пет земјотреси во Албанија.