АВСТРАЛИЈА ПЛАМНА: Беснеат повеќе од 100 пожари
Објавено во: Свет 08 Септември, 2019
Австралија се бори со повеќе од 100 пожари, од кои голем број се надвор од контрола.
Пожарникарите се борат со повеќе од 100 пожари низ две источни држави, а властите предупредуваат дека ова лето во делови од земјата ги очекува сезона на големи пожари.
Пожарите во државата Квинсленд и Нов Јужен Велс, уништиле најмалку 20 објекти, а властите елат дека бројот најверојатно ќе се зголеми кога ќе можат да ги прегледаат погодените места.
„Ова не сме го виделе никогаш во историјата, времето никогаш не било толку склоно на пожари како оваа пролет“, рекол Ендру Стургес, инспектор во противпожарната и итна служба во Квинсленд.
Еден 66-годишен волонтер пожарникар е во критична состојба во болница откако се здобил со тешки изгореници.