03 Мај, 2024
0.0312

БАДИЈАЛА ЛАНИ ИСПИВМЕ МИНЕРАЛНА ВОДА ЗА 8,1 МИЛИОНИ ЕВРА - „Пелистерка“ профитираше со само 53 илјади, падот е за 83 проценти

Објавено во: Економија 04 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Ако на крајот на третиот квартал од 2023 година служеше за пример за одлична и зголемена добивка, најновиот годишен биланс на успех на „Пелистерка“, кој се однесува за целата ланска година, покажува не сосема солиден финансиски резултат.

Односно, чистиот профит од целото минатогодишно работење на „Пелистерка“ е само 53 илјади евра, што е намалување за дури 83 проценти во однос на претходната 2022 година.

А, таквиот пад на профитот се случува во година во која „Пелистерка“ остварила вкупни оперативни приходи од дури 8,33 милиони евра, кои се всушност приходи од основната дејност на компанијата, а тоа е производството на минерална вода и освежителни пијалоци.

Најголемиот дел од овие опаративни приходи се всушност приходи од продажбата, и тоа сите до денар се остварени на домашниот пазар, а изнесуваат 8,1 милиони евра, и бележат зголемување од 17 отсто во однос на претходната година. Тоа значи дека Македонците толку испиле флаширана вода и газирани сокови минатата година од оваа компанија.

Оперативните расходи, пак, достигнале 7,8 милиони евра, и кај нив е регистрирано зголемување од 20 проценти.

На расходната страна најголемо е учеството на трошоците за суровини и други материјали, чија сума изнесува 3,2 милиони евра и која регистрирала пораст од 6 отсто.

На име трошоци за вработените, пак, компанијата исплатила близу 1,3 милиони евра. Тоа е голема ставка, но во однос на претходната година овој трошок бележи намалување за 6 отсто, што значи дека овие вработени не можат баш да се пофалат со зголемување на платата во минатата година.

Ако на крајот на третиот квартал од 2023 година служеше за пример за одлична и зголемена добивка, најновиот годишен биланс на „Пелистерка“, кој се однесува за целата ланска година, покажува не сосема солиден финансиски резултат.

Односно, чистиот профит од целото минатогодишно работење на „Пелистерка“ е само 53 илјади евра, што е намалување за дури 83 проценти во однос на претходната 2022 година.

А, таквиот пад на профитот се случува во година во која „Пелистерка“ остварила вкупни оперативни приходи од дури 8,33 милиони евра, кои се всушност приходи од основната дејност на компанијата, а тоа е производството на минерална вода и освежителни пијалоци.

Најголемиот дел од овие опаративни приходи се всушност приходи од продажбата, и тоа сите до денар се остварени на домашниот пазар, а изнесуваат 8,1 милиони евра, и бележат зголемување од 17 отсто во однос на претходната година. Тоа значи дека Македонците толку испиле флаширана вода и газирани сокови минатата година од оваа компанија.

Оперативните расходи, пак, достигнале 7,8 милиони евра, и кај нив е регистѕрирано зголемување од 20 проценти.

На расходната страна најголемо е учеството на трошоците за суровини и други материјали, чија сума изнесува 3,2 милиони евра и која регистрирала пораст од 6 отсто.

На име трошоци за вработените, пак, компанијата исплатила близу 1,3 милиони евра. Тоа е голема ставка, но во однос на претходната година овој трошок бележи намалување за 6 отсто, што значи дека овие вработени не можат баш да се пофалат со зголемување на платата во минатата година.

А, најголем раст лани имале останатите расходи од дејноста, на чие име компанијата исплатила близу 950 илјади евра, и каде порастот во однос на претходната година е за дури 255 проценти.

Но, на што точно се должи овој раст на останатите оперативни расходи, не се знае, бидејќи компанијата до берзата нема доставено образложение на својот финансиски резултат, во кое би објаснила како дошло до толку силно зголемување на останатите оперативни расходи.

Сето ова довело до оперативна добивка од 371 илјади евра, што е не толку значајно намалување во однос на претходната година, односно за 19 проценти.

Но, после ова доаѓа „цаката“ во Билансот на успех, односно фактот што компанијата нема остварено воопшто финансиски расходи, наспроти претходната година кога тоа било позначајна сума. А, уште поголем проблем се финансиските расходи од близу 300 илјади евра, кои се зголемени за 45 отсто, и кои ја намалуваат, заедно со платениот корпоративен данок, конечната чиста добивка на „Пелистерка“ на само 53 илјади евра.

Па така, минатата година „Пелистерка“ ја затвори со профит од 53 илјади евра, што е пад за 83 отсто, и ова е остварено во услови на приходи поголеми од осум милиони евра.

А, само за потсетување, на крајот на третиот квартал од минатата година, „Пелистерка“ прикажа трикратно зголемување на добивката, или за близу 200 проценти, односно во периодот од јануари заклучно со септември оваа година, ова битолско акционерско друштво остварило објави чиста добивка од 484 илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски