03 Мај, 2024
0.0409

Бектеши реагира: Не сме посочиле дека може да се организираат свадби

Објавено во: Економија 25 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во нашиот одговор никаде не е посочено дека субјектот може да организира свадби, крштевки и слично, туку напротив укажано е дека не смеат да организират такви настани, реагираат од Министерството за економија. Фактор објави дека Министерот за економија Крешник Бектеши

потврдно одговорил на барање за организирање на таканаречена  „организирана вечера“ со послужување на храна на угостителски објект во Скопје.  

Во одговорот стои потсетување дека е забрането да се организираат свадби, крштевки и родендени, што е во согласност со сите одлуки на Комисијата за заразни болести и на Владата, но за здравствените власти спорна е затоа што кога се дава дозвола за таканаречена организирана вечера, тоа само официјално не мора да се вика свадба, а може да биде вечера на која ќе присуствуваат и повеќе од 100 луѓе.

„Исто така во координација со Државниот пазарен инспекторат сме информриани дека истиот објект по извршен увид е констатирано дека не ги почитувал протоколите и организирал крштевка за што се преземени соодветни мерки и истиот објект е затворен и казнет согласно Законот, стои во реакцијата од Министерството за економија. 

Оттаму додаваат дека до Министерство за економија како надлежно министерство за развој на туристичко/угостителскиот сектор секој ден пристигнуваат дописи и барања од страна на угостители кои бараат објаснувања или мислење по однос на вршењето на дејноста.

„Во конкретниот случај угостителскиот објект се има обратено до Министерство за економија со барање на мислење на кое од наша страна точно, јасно и прецизно му е одговорено согласно Законот и Протоколите за работа на угостителските објекти за послужување на храна кои се на сила во нашата држава донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија, пишуваат вод ресорот на Бектеши.

Тврдат дека како одговор е наведено дека угостителските објекти за исхрана може да послужуваат храна на гости доколку ги имаат спроведено сите потребни мерки во согласност со Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана донесен од Владата на Република Северна Македонија, впрочем како што објави и Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски