Игра на зборови за свадбите: Министерот Бектеши дава дозволи за организирани вечери
Објавено во: Македонија 25 Август, 2020 14:13
Министерот за економија Крешник Бектеши дал дозвола да се организира таканаречена „организирана вечера“ со послужување на храна на угостителски објект во Скопје. Во документот до кој дојде Фактор стои дека е издадена согласност за послужување на гостите во објектот со почитување на протоколите.
Во согласноста стои потсетување дека е забрането да се организираат свадби, крштевки и родендени, што е во согласност со сите одлуки на Комисијата за заразни болести и на Владата, но за здравствените власти спорна е затоа што кога се дава дозвола за таканаречена организирана вечера, тоа само официјално не мора да се вика свадба, а може да биде вечера на која ќе присуствуваат и повеќе од 100 луѓе.

Денеска Сојузот на стопански комори на Македонија од државата побара да продолжи да ги субвенционира платите на вработените од овој сектор. Според нив над 1.000 субјекти од дејности како игротеки, ресторани за свадби, клубови се уште немаат дозвола да работат.
Во јули од Комисијата за заразни болести изјавија за Фактор дека постои голем ризик од зараза со корона вирусот на вакви веселби.
- Нивните протоколи се во ред што се однесува до распоред на седење, влегување во рестораните, начин на дезинфекција, сето тоа е во ред. Но, веселба е веселба, секогаш ситуацијата може многу лесно да излезе од контрола. Не може едноставно да се направи социјално дистанцирање при играњето, на пример. Бројот на новозаразени се уште треба да паѓа. Затоа, ќе почекаме со давање препорака да се одржуваат сведбени веселби во земјава, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




