05 Мај, 2024
0.0261

БЕСПЛАТНИ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА СТРАНСКИТЕ ГОСТИ - бараат туристичките работници за сите што ќе дојдат во нашите хотели

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Државата да овозможи бесплатни ПЦР тестови за странските туристи што ќе престојуваат во нашите категоризирани хотели.

Ова е едно од барањата на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

„Бараме државата да овозможи и да субвенционира бесплатни ПЦР тестови за сите странски гости кои ќе престојуваат во нашите категоризирани хотели, а треба да продолжат со своите патувања во други земји. Тоа ќе биде многу добра промоција и ќе значат олеснување за бизнисот во туризмот, а ќе значат многу и за заштита на јавното здравје. Така ќе му се помогне на туристичкиот сектор, и ќе се зголеми економската активност“, рече Александар Кузамновски, заменик претседател на Здружението за угостителство и туризам при СКМ.

Од Здружението имаат и барање Законот за финансиска поддршка за платите безусловно да важи за сите компании од овој сектор.

Предупредија дека голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени ако не се направат измени во Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од корона кризата во делот на платите за октомври, ноември и декември 2020. Имено, повеќето компании од овој сектор, но пред сѐ хотелите, нема да бидат во можност да ја искористат поддршката. Освен тоа сметаат и дека како што е сега дефинирана во четвртиот пакет мерки, само делумно ќе ги ублажи негативните ефекти и последици од КОВИД-кризата.

„Голем број од компаниите од угостителско туристичкиот сектор, пред сѐ хотелските објекти, се соочуваат со проблем околу користење на мерката – Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати (октомври, ноември и декември), која воедно е и прва мерка од четвртиот пакет економски мерки која започна да се реализира. Проблемот е во условите кои се утврдени во Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19, заради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020. За таа цел, Здружението на угостителството и туризам при Стопанската комора на Македонија, бара измена на Законот со бришење на алинеја 2 и алинеја 3 од член 3, став 3, од Законот, соопшти Здружението на угостителството и туризам“, предупредуваат од Здружението.

Третото барање е да се направат поголеми напои за промоција на туристичките потенцијали во земјава.

„Многу држави, како што се Австрија, Словенија, и сега прават се за да ја збогатат својата понуда. Во 2021 година очигледно ќе има поголема надеж за туристичкиот сектор, а за тоа говори и фактот што во последнава недела растат цените на акциите на речиси сите светски туристички компании. Очекуваме дека некаде во пролетта 2021 година доаѓаат подобри денови за туристичкиот сетор во земјава. Да не ги пропуштиме тие можности, дотолку повеќе што ќе се бара замена за подалечните дестинации. Ова ќе биде наша шанса да се позиционираме и затоа мора сериозно да пристапиме кон промоција и што подобро да се претставиме на пазарот“, рече Влатко Шулев.

Даниела Михајловска од Стопанската комора на Македонија на денешниот онлајн состанок на туристичките работници, пак, нагласи дека немаат информации за дека е можно во земјава да се воведе целосен карантин. 

„Туристичко-угостителскиот сектор покажа дека и во вакви услови на здравствена криза може да понуди производ и услуга, се разбира со целосно почитување на мерките. Државата тоа треба да го препознае и безуслово да го поддржи овој сектор“, објасни Михајловска.

За најавената приватизација на хотелите на Попова Шапка, туристичките агенции сметаат дека тоа е добра идеја.

„Сметаме дека тоа е добра идеја, бидејќи носи нови можности. Добро ќе биде било кое решение, бидејќи таму ништо не се случува со години, а Шапка има голем потенцијал“, рече Александар Кузмановски.

А Владата денеска излезе со своите нови програми за финансиска поддршка на туристичко угостителскиот сектор во земјава за последните два месеци од оваа година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите