26 Ноември, 2024
0.0275

ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ, ОБЈЕКТИ, ВОДИЧИ, ИГРОТЕКИ, РЕСТОРАНИ - еве кој колку ќе земе државни пари

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Оваа недела треба да бидат објавени петте јавни повици кои се поврзани со мерките за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, а се предвидени во четвртиот владин економски сет.

Викендов министерот за економија Крешник Бектеши седна на заедничка маса со луѓе од двата сектора, претставувајќи ги пред нив мерките на поддршка - и тоа преку директни грантови, со кои се опфатени рестораните, игротеките, лиценцираните туристички агенции и туристичките водичи, а предвидено е и враќање на туристичката такса за лани за туристичките објекти.

Сите туристички агенции, игротеки, туристички водичи, ресторани кои што организираат свадби и други правни лица од угостителскиот сектор кои што се опфатени со мерките, ќе може електронски да аплицираат на платформата „Дома си е дома“ до крајот на месецов.Министерството за економија ќе ги обработува апликациите веднаш по нивното пристигнување, со цел побрза и навремена исплата на средствата.

Вкупната вредност на овие пет мерки е 7,5 милиони евра, кои ќе треба да се исплатат директно до засегнатите компании и поединци до крајот на годината, што значи дека остануваат околу месец и половина.

А што всушност за луѓето и фирмите од оваа дејност ќе значат новите мерки?

Владата на својата веб платформа за консолидирање на закони, Дејуре, објави детали од најновите мерки, односно од изменетите програми за годинава за поддршка на туристичката и угостителската дејност, за кои од денеска па во текот на неделава ќе бидат објавени јавните повици.

Првата мерка е враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти.

„Со цел поддршка на хотелиерството во земјава во време на ковид кризата, се предвидува враќање на туристичка такса за 2019 година за сите угостителски објекти за сместување. Транспарентно и ефикасно ќе се вратат средства во износ на уплатена туристичка такса за 2019 година на сите правни и физички лица“, се вели во изменетата програма за угостителската дејност.

Министерството за економија ќе треба да објави јавен повик и да подготви онлајн апликација, каде сите фирми, но и поединци кои вршат угостителска дејност ќе поднесуваат електронска апликација, со приложување на документација. Комисија формирана од министерот за економија ќе врши евалуација на апликациите и ќе изготвува Записник и Решение за исплата на средствата за тие кои ги исполнуваат условите согласно Јавниот повик.

„Право на аплицирање имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување, како и физички лица кои вршат угостителска дејност, односно категоризирани куќи, станови и соби за издавање. Ова ќе се реализира во ноември и декември 2020 година. Вкупен износ за реализација е 120.000.000 денари или безмалку два милиони евра“, се вели во изменетата програма.

Исто така, ќе се доделуваат грантови за сите лиценцирани туристички агенции. Притоа, износот на грантот ќе се определува согласно вкупниот приход на фирмата во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа. Максималниот износ на грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнасува 180.000 или околу три илјади евра, додека максималниот износ за агенциите кои имаат лиценца А ќе изнасува 430.000 денари или околу 7.000 евра.

Овие грантови ќе се даваат исто во ноември и декември, а вкупниот износ за реализација ќе биде 1,9 милиони евра.

Ќе се делат и грантови за сите лиценцирани туристички водичи.Ова ќе биде поддршка за туристички водичи кои се регистрирани и вршат дејност за туристичко водење, и немаат друга активност, односно не се вработени во туристички агенции или други поврзани субјекти со дејноста. Предвидено е да се поддржат туристичките водичи со еднократна парична помош.

Право на аплицирање ќе имаат сите туристички водичи кои се регистрирани и поседуваат важечка легитимација за туристичко водење во земјава и не се во редовен работен однос. Износот на грантот ќе изнесува 65.000денари по апликант или 1.050 евра, а ќе се доделува за последните два месеци од годинава. За оваа мерка владата ќе одвои вкупно 160 илјади евра.

Објавена е и Програма за поддршка на угостителскиот сектор. Првата мерка од неа се грантови за ресторани, каде ќе бидт опфатени сите категоризирани ресторани во земјава кои поради пандемијата беа затворени, односно оние за свадби. Износот на грантот ќе се одредува согласно вкупниот приход на ресторанот во претходната година, бројот на вработени и решението за категоризација.

Грантовите ќе бидат од 180.000 до 600.000денари, или од три до 10 илјади евра, во зависност од ланскиот остварен вкупен приход. Или, еве попрецизно колкави грантови ќе добијат рестораните.

За вкупни приходи од нула до 1.000.000 денари или до 16 илјад евра, ќе се добие грант во износ од 180.000 денари или три илјади евра. За вкупни приходи од 1.000.001 до 2.500.000 денари односно од 16 до 40,6 илјади евра, ќе се добие грант од 300.000 денари или 5.000 евра. Потоа, ако ресторанот имал лани вкупни приходи од 2.500.001 до 5.000.000 денари, или од 40,6 илјади евра до 81,3 илјади евра ресторанот ќе добие грант од 480.000 денари или 7,8 илјади евра. И, доколку лани ресторанот имал вкупни прходи од 81,3 илјади, но и за приходи над таа сума, нему ќе му се додели грант од 600.000денари или безмалку 10 илјади евра.

Вкупно за ова се предвидени околу еден милион евра државни пари.

А, со програмата е предвидено грантови да добијат и игротеките, и тоа ќе бидат опфатени сите игротеки во земјава кои се регистрирани под шифра на дејност 93.29 - останати забавни и рекреативни дејности, неспомнати на друго место согласно Националната класификација на дејности.

Грантовите за игротеките ќе тежат од 90.000 до 300.000 денари или од 1.500 до 5.000 евра, во зависност од остварениот вкупен приход во ланската година.

Еве која игротека колкав приход ќе добие. Оние што лани имале вкупни приходи од нула до 500.000 денари односно до 8 илјади евра, ќе добие грант од 90.000 денари или 1.500 евра. Тие, пак, што лани имале вкупни приходи од 500.001,00 -1.500.000 денари ќе добијат грант од 150.000 денари. За вкупни приходи, пак, од 1.500.001 до 3.000.000 денари ќе се додели грант од 210.000 денари, и - за вкупни приходи над 3.000.001 денари, игротеката ќе добие грант од 300.000денари или 5.000 евра. Овие грантови ќе се доделат за последните месеци од годинава. Вкупнната сума државни пари што ќе се даде за оваа мерка ќе тежи 153.000.000 денари или 2,5 милиони евра.

„За начинот и динамиката на реализација на оваа програма ќе се грижи Министерството за економија. Министерството за економија, заклучно со 31 март 2021 година до Владата ќе достави Извештај со финансиски показатели за реализација на оваа програма, во кој ќе бидат опфатени постигнатите резултати и финансиски показатели како и образложението за евентуалните отстапувања од планираните активности“, се вели во владината програма. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу