БЕЗ ПАНИКА: Постои многу мал ризик од пренесување на коронавирусот преку еврата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Април, 2020
Има многу мал ризик од пренесување на коронавирусот преку еврата.
Ова го тврдат од Европската централна банка.
ЕЦБ направила истражување во неколку европски лаборатории.
Се покажало дека коронавирусот може да се задржи на површината на нерѓосувачки челик како што се рачките на вратите десет до 100 пати подолго отколку на банкнотите од памучни влакна.
Централната банка на Кина објави дека ќе користи ултравиолетови зраци за дезинфекција на парите.
На други предмети вирусот се задржува подолго време.
На граѓаните им се советуваше да избегнуваат да користат готовина, за да не се инфицираат со Ковид 19.
Се работи за нов вирус, за кој научниците допрва истражуваат и креираат вакцина.