Бил Гејтс призна дека бил строг шеф, а еве што им правел на вработените
Објавено во: Свет, Стил 03 Февруари, 2016
Во радио емисијата на BBC, Бил Гејтс зборува за тоа каков шеф бил во 70-тите години од минатиот век, во времето кога неговата компанија била во развој и вработувала само "една дланка луѓе".
Ко-основачот на "Microsoft" открил дека на почетокот на својата кариера бил многу строг шеф.
Тој раскажува дека ги контролирал своите вработени на тој начин што ги памтел броевите на нивните регистарски таблички и така знаел кога доаѓаат на работа, а кога го напуштаат работното место.
Познатиот бизнисмен и филантроп бил многу "тежок работодавец" на почетокот на кариерата, познат како некој со кого тешко се преговара и е многу строг.
Милијардерот признал дека на почетокот на работата во "Microsoft" бил фанатик кога станувало збор за работата, што понекогаш, како што рекол, било лошо за работниците.