09 Мај, 2024
0.0243

Биодизел-горивото доминира меѓу биогоривата во Европската Унија

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унијаво 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. 

На ниво на Европската Унија71,9 проценти од бензинот продаден во 2017 година биле Е5 - односно содржел до 5 проценти етанол, а Е10 бензинот, односно бензинот со 10 проценти етанол - 15,7 проценти. Е0 биле само 12,2 процента од продадените бензини, односно не содржеле етанол, додека Е+ бензини со повеќе од10 проценти етанол биле 0,1 процент и тука најголем дел е Е85 бензин со 85 проценти етанол.


Од дизел-горивата продадени во Европската Унија во 2017 година 83,8 проценти содржеле до 7 проценти чист биодизел, а со поголем процент биодизел-гориво биле 16,2 процента од вкупната количина. 

Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека биодизелот во најголем дел се добива од репка – 51,7 проценти, употребено растително масло или животинска маст – 33,7 проценти и од палмово масло – 6,1 процент. Овие три методи на производство на биодизел-гориво во Европската Унија сочинуваат вкупно 91,5 проценти од вкупно потрошеното биодизел-гориво во Европската Унија во 2017 година.


Биоетанолот во најголем дел се произведува од пченица – 63 проценти и шеќерна репка – 32,2 процента. Овие два начина на добивање биоетанол сочинуваат 95 проценти од вкупно произведената количина биоетанол во Европската Унија.


Можеби ќе ве интересира

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности