01 Мај, 2024
0.0264

БЛОКАДА ОД БУГАРИЈА: Србите не отворија ново поглавје

Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија блокираше отворање на ново поглавје во преговорите на Србија. 

Се очекуваше Србија да отвори ново поглавје за преговори за слободата на движење на работната сила пред летните одмори, но не е постигнат потребниот консензус помеѓу земјите-членки на ЕУ.

Цитирајќи дипломатски извори, РТС објави дека Бугарија, Холандија, Белгија, Данска, Шведска, Финска и Германија не дале зелено светло за отворање на поглавје 2 од преговорите, наведувајќи ги одложувањата во реформите во владеењето на правото и неодамнешниот извештај на Европската комисија во оваа област.

Оваа одлука значи дека, за прв пат од почетокот на преговорите за членство, Србија нема да отвори никакви поглавја за преговори за време на претседателството на Советот на ЕУ, во случајов Германија.

Дипломатски извори велат дека за време на дебатата, Франција ја поддржала Србија, и покрај тоа што во претходниот период Париз беше еден од главните градови што се спротивстави на проширувањето на ЕУ на Балканот.

Франција повика на посилно политичко лидерство во процесот и предупреди дека одлуката да не се отворат поглавја ќе испрати лоша порака до регионот и може да има последици за дијалогот меѓу Белград и Приштина, велат извори во Брисел.

Седумте земји-членки остануваат категорични дека напредокот на Србија во клучните области на владеењето на правото е недоволен и не може да донесе позитивна одлука за отворање на поглавјето.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат