03 Мај, 2024
0.0280

Британската економија ја очекуваат турбуленции во текот на Брегзит

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Британската економија ќе се соочи со стресови, додека владата преговара за излегувањето на земјата од Европската унија. Ова го изјавил денеска министерот за финансии на земјата Филип Хамонд, пренесоа светските агенции.

„Ќе треба да очекуваме шокови, додека минуваме низ преговарачкиот процес и ќе има период од неколку години, во кои бизнисот ќе биде неизвесен за конечната состојба на нашите односи со ЕУ и за време на овој период ќе треба да ја поддржуваме економијата“, изјавил Хамонд.

Тој додава дека сака да види договор за Брегзит, според кој британските компании ќе имаат максимален пристап до единствениот пазар на ЕУ, додека истовремено владата ќе го почитува повикот на граѓаните да ги контролира границите на земјата.

Филип Хамонд на конференција на конзервативната партија вели дека тој ќе управува со јавните финансии на земјата на поинаков начин од својот претходник Џорџ Озборн. 

Тој ветил „нов план за ситуацијата пред која се наоѓала Велика Британија пред да се соочи со гласањето за Брегзит.

Во неделата премиерот Тереза ​​мај рече дека Велика Британија ќе започне официјални преговори за „развод“ со ЕУ до крајот на март следната година.

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија