28 Април, 2024
0.0290

Бугарија и Македонија денес го потпишуваат Договорот за добрососедство

Објавено во: Македонија 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот на соседна Бугарија Бојко Борисов и неговиот македонски колега, премиерот Зоран Заев ќе го потпишат денеска во Скопје долгоочекуваниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Потпишувањето на документот треба да се претвори во основа за трајно и одржливо градење на пријателски и добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија.

Потпишувањето на договорот се чека речиси две децении и тоа стана возможно по промената на власта во земјава. Бојко Борисов ќе биде во официјална посета на Република Македонија на 1 и 2 август. Посетата е продолжение на договореното постигнато при посетата на премиерот Зоран Заев во Софија на 20 јуни оваа година. И е израз на желбата и политичката волја на двете страни за изградба на откриени, добрососедски односи засновани на европските вредности и заемно почитување.

Договорот треба да придонесе за зајакнување на соработката во билатерален и мултилатерален план за проширување на транспортните врски и комуникации, за олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете земји.

На официјалната церемонија ќе бидат потпишани исто така Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за развој на железничките врски меѓу Софија и Скопје и Меморандум за соработка во областа на природниот гас. Првиот документ содржи посветеност на двете страни во согласност со своите државни енергетски политики и заедничката енергетска политика на ЕУ и Енергетската заедница да соработуваат за истражување на можностите за развој на нова директна врска меѓу гасните системи. За таа цел ќе биде формирана заедничка гасна работна група која ќе подготви однапред техничко-економска студија за изградба на гасната врска.

Со вториот документ бугарската страна презема обврска за да се комплетира железничката врска по правецот Софија - Перник - Радомир - македонска граница до 2027 година Република Македонија, од своја страна, се обврзува да изгради железнички правец Крива Паланка - Деве Баир - бугарска граница до крајот на 2025 година.

По повод одбележувањето на 114-годишнината од избувнувањето на Илинденското востание, на 2 август премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев ќе учествуваат во церемонијата на положување на венци пред гробот на Гоце Делчев во црквата "Св. Спас".

При посетата на Република Македонија премиерот на Бугарија Борисов ќе биде придружуван од заменик премиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, како и министрите Ивајло Московски и Темјанушка Петкова, кои ќе одржат билатерални средби со своите колеги од Владата на Република Македонија.

Во официјалната бугарска делегација се исто амбасадорот во Скопје, Иван Петков, пратеникот во Европскиот парламент Андреј Ковачев, претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието Џема Грозданов, претседателот на парламентарната група за пријателство Бугарија - Република Македонија Борис Вангелов, народниот претставник Станислав Станилов, началникот на политичкиот кабинет на претседателот на Република Бугарија Иво Христов и началникот на политичкиот кабинет на премиерот Румјана Бочварова.

Можеби ќе ве интересира

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила