Бугарија со силни безбедносни мерки за посетата на папата Франциск
Објавено во: Балкан 03 Мај, 2019
Соседна Бугарија
е подготвена за претстојната посета на папата Франциск. Министерството за
внатрешни работи на Бугарија со силни мерки за претстојната посета на
поглаварот на Католичката црква, соопштија
на брифинг безбедносните власти во земјата, пренесуваат бугарските медиуми.
Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на настаните поврзани со посетата на папата Франциск слободно ќе можат да го сторат тоа и покрај сериозните мерки за безбедонст, уверува бугарското МВР.
Бугарските власти очекуваат на молитвата на поглаварот на Католичката црква папата Франциск да го следат повеќе од 20 милиони гледачи низ светот.
На 6 мај ќе биде отслужена молитва за мир со претставници на сите вери на плоштадот „Независност“ во Софија од 18:15 часот, по источно европско време.